Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.

Бројот на заразени се зголемува откако турската влада ги ублажи мерките за сузбивање на пандемијата во март, па затоа во последните пет дена беа поставени нови црни рекорди.

Во понеделникот, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави заострување на мерките, вклучително и враќање на целосното заклучување на земјата за време на викендот кога започнува постот на Рамазан на 13 април.

Вкупниот број на заразени во Турција е 3,445 милиони, а бројот на смртни случаи од коронавирус е 32,078.