Во пожарот веќе загинаа четири лица, а повеќе од 150 се повредени, што доведе и до неколку евакуации во одморалиштата.
Турскиот претседател објави дека e уапсен осомничен за палење шуми во југозападниот дел на земјата.
Тој не го откри името или мотивите на осомничениот, но рече дека се сомнева дека лицето е поврзано со пожарот кај градот Милас во провинцијата Мугла. Наводниот пироман бил приведен во Манавгат, Турција.
Полицијата морала да го обезбеди приведениот на кого локалните жители му се заканувале со линч.
– Темелно ги истражуваме причините за пожарот. „Ако има такви предавници кои можат да ја запалат својата татковина, ќе се соочат со строга казна“, рече Ердоган.
Речиси сите 98 шумски пожари во Турција се локализирани, изјави претходно министерот за земјоделство Бекир Пакдемирли. Десет пожари продолжуваат да горат во регионите Анталија, Ајдин, Муглу и Османије.