Вчера во 16:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.В.(49) од Делчево.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тој околу 15:00 часот отишол во домот на М.К.(37) од Делчево и поради нерасчистени должничко-доверителски односи агресивно се однесувал кон неговата невенчана 35-годишна сопруга, по што со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата.
Одземеното е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
