Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 32-годишниот М.Д. од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.