Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.

Од МВР информираат дека претходно, на 22.06.2026, К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително требало да го полага вчера.

„Преземени се мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите“, посочија од МВР.

Таа била задржана во полициска станица, парите биле одземени и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.