– Синоќа во 22:00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од ПС за БПС Кичево ги лишиле од слобода Г.Н. (26) од Велес и М.С. (32) од Скопје. При преглед во возилото „Ауди“ во кое се превезувале и при нивен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана, се наведува во соопштението на Министерството.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.