Четворица мажи и една жена се уапсени според законот за национална безбедност, под сомнеж дека подготвувале терористички заговор.
Минатата недела полицијата уапси девет лица, вклучително и шестмина средношколци, обвинети за планирање на производство и поставување експлозиви во градот, вклучувајќи судови, пристаништни тунели, железнички пруги, па дури и, како што тврди полицијата, планирале да поставуваат експлозиви во корпи за отпадоци низ улиците.
Полицијата тогаш соопшти дека пронашла хемикалии во импровизирана лабораторија за производство на експлозивен триацетон трипероксид или ТАТП, кој масовно се користи при бомбашки напади низ Европа и на други места.
Наведено е дека се можни натамошни апсења во врска со овој случај.
Политичката атмосфера во Хонгконг значително се влоши по репресијата врз демократското движење, кое во 2019 година масовно го мобилизираше населението на улиците протестирајќи против влијанието на централните власти во Пекинг.
Власта потоа усвои закон за национална безбедност во кој се наведува дека во Хонгконг можат да управуваат само „патриоти“