Германската полиција уапси 20-годишен Германец осомничен дека силувал и убил девојка (19) во градот Брамше.
Злосторството се случило во саботата навечер за време на забава за 18-ти роденден, пренесува Билд.
Имено, две девојчиња го прославија своето полнолетство во фестивалската сала во германскиот град Брамше. Околу 1.30 часот гостите забележале дека исчезнала 19-годишна девојка.
По долга потрага била пронајдена околу 2:40 часот на нива со тешки повреди. И покрај напорите за спасување, девојчето починало набргу по пристигнувањето во болница.
Страшното злосторство очигледно се случило додека забавата била во полн ек.
Полицијата и противпожарната единица пристигнале на местото на злосторството во ноќта меѓу саботата и неделата. Полициските сили го опколија просторот околу салата.
Обвинителот д-р Александар Ретемејер за Билд потврди дека осомничениот за делото е уапсен.
“Уапсен е во неговиот стан, не бил пијан. Гостите на забавата дале индиции за него. Се верува дека бил близок со жртвата”, рекол обвинителот.
Според него, наодите јасно укажуваат на сексуален престап, а на жртвата и била искината облеката.
Билд пренесува дека и двајцата биле гости на забавата.