–Сите училишта се подготвени за старт на учебната година на 1 септември. Ќе започнеме со физичко присуство и перманентно ќе ја следиме ситуацијата, изјави Царовска.
На парашањето во врска со ставовите на две здруженија од кои едни бараат онлајн настава и право на избор на секој родител, а други настава со физичко присуство, Царовска рече дека ги почитува сите мислења, но дека ќе се спроведе владината одлука за почеток на наставата со физичко присуство.
– Сите ја следат епидемиолошката состојба на локално ниво и сите сме тука, заедно да гледаме која е опцијата да почнеме сите истовремено под еднакви услови. Секако, секој има право да го каже своето мислење, јас го почитувам тоа. Ние се водиме од меѓународните и од нашите, домашни искуства од минатата година и од препораките на Комисијата за заразни болести. Она кое е утврдено на владина седница уште во јуни е дека Министерството треба да се подготвува за три сценарија: едното е целосно физичко присуство, другото е хибриден модел и поледното- сите со онлајн настава. Неодамна, пред три владини седници, сите заедно, по препорака на Главниот координативен штаб, донесовме одлука учебната година да почне на 1 септември и да стартува со физичко присуство за сите ученици во сите училишта. Тоа го подготвуваме и за тоа се подготовките, појасни Царовска.