УЕФА во писмото посочува дека го следи примерот на другите спортски институции и дека го користи кодот МКД од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и дека е во согласност со член 1, параграф 3 од Договорот од Преспа. УЕФА исто така потенцира дека во службената комуникација го користи терминот „Фудбалска федерација на Cеверна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.
Европската куќа на фудбалот исто така додава дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки и ќе продолжи да ја штити праксата на неутралност.