Средбата со Ердоган донесе најави за односите со Турција и изјави за Украина и Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека ќе ги укине санкциите кон Турција и дека ќе донесе одлука за можна продажба на борбени авиони Ф-35.
Трамп ова го изјави на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара.
САД во 2020 година воведоа санкции кон Турција по одлуката на Анкара да набави руски системи за противвоздушна одбрана С-400.
Поради набавката на рускиот систем, Турција беше исклучена и од програмата за борбени авиони Ф-35.
Трамп зборуваше и за разговорите со Путин и Зеленски
Американскиот претседател посочи дека денеска разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој оцени дека наскоро може да се реши војната во Украина.
„Имав многу добар разговор со претседателот Путин. Имавме долг разговор, долго траеше. И веднаш потоа разговарав со претседателот Зеленски. Мислам дека двата сакаат да се постигне договор … мислам дека тоа ќе го решиме, се надевам наскоро, посочи Трамп.
Трамп повторно го отвори прашањето за Гренланд
Трамп повторно се осврна и на Гренланд, нагласувајќи дека островот треба да биде под контрола на САД, а не на Данска.
Според него, Данска „не троши пари за вистински да му помогне“ на Гренланд. Тој додаде дека островот е важен за САД бидејќи е „опкружен со кинески и руски бродови“.
„Со Гренланд би требало да управуваат САД, а не Данска. Би можеле да ги повлечеме сите свои војници од Европа. Подобро би им било да внимаваат, истакна Трамп.
Барањето на Трамп САД да воспостават контрола над автономната данска територија Гренланд предизвика тензии меѓу Вашингтон и Копенхаген.
Прашањето предизвика реакции и во рамки на НАТО и во Европа.
