Фредериксен реагираше откако Трамп побара Гренланд да биде под контрола на САД
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, повторно порача дека Гренланд не е на продажба. Таа истакна дека очекува сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет.
Нејзината реакција следуваше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, пред Самитот на НАТО.
Трамп изјави дека Гренланд треба да биде под контрола на САД, а не на Данска.
Трамп смета дека Гренланд има стратешко значење за САД
Според американскиот претседател, Данска „не троши пари за вистински да му помогне“ на Гренланд.
Тој оцени дека островот е важен за САД, бидејќи е „опкружен со кинески и руски бродови“.
„Со Гренланд би требало да управуваат САД, а не Данска. Би можеле да ги повлечеме сите свои војници од Европа. Подобро би им било да внимаваат“, истакна Трамп.
Барањето на Трамп САД да воспостават контрола над автономната данска територија Гренланд предизвика тензии меѓу Вашингтон и Копенхаген.
Реакции по ова прашање има и во рамки на НАТО и во Европа.
