Шефот на Регионалната воена управа на Николаев, Виталиј Ким изјави дека руските сили ги нападнале двата најголеми универзитети во Николаев, на југот на Украина.

Ким на Телеграм напиша дека биле истрелани најмалку 10 проектили, пренесува Интерфакс Украина. Претходно, градоначалникот на Николаив, Олександар Сенкевич, објави дека утринава во тој град се слушнале силни експлозии и ги повика граѓаните веднаш да одат во прифатни центри.

Градоначалникот на Николаив, Олександар Сенкевич, соопшти дека утринава во тој град на југот на Украина се слушнале силни експлозии. Во објава на Телеграм, Сенкевич ги повика граѓаните итно да одат во засолништата, пренесува Интерфакс Украина.