Новиот унгарски премиер Петер Маѓар со владина уредба го ограничи протокот на работници мигранти од земји кои не се членки на Европската Унија, исполнувајќи едно од ветувањата дадени во изборната кампања.

Во Унгарија во моментов работат околу 90.000 лица од земји надвор од ЕУ, што претставува околу два проценти од вкупната работна сила. Најголем дел од нив се ангажирани во индустријата за батерии и автомобилската индустрија, градежништвото, сезонските земјоделски работи и услугите за достава.

Повеќето странски работници доаѓаат од Филипините, Украина, Кина, Виетнам и Индија. Маѓар ја оправда мерката со ставот дека треба да се вработат повеќе унгарски граѓани и да се спречи компаниите да ги намалуваат платите преку ангажирање работници од странство.

Според индустриските и работодавачките здруженија, во Унгарија веќе има очигледен недостиг на работна сила во повеќе сектори, поради што новата уредба може да предизвика дополнителен притисок врз дел од компаниите.

Со новата мерка е предвидено постојните дозволи за престој на странските работници да останат важечки до истекот на рокот. Засега не е прецизирано дали тие дозволи ќе можат да бидат продолжени, пренесува Н1.