Зеленски го поздрави Бајден за неговата „континуирана, цврста и силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на неговата земја“ и ја повтори неговата непоколеблива посветеност за изнаоѓање начини за постигнување мир, се вели во соопштението.

Бајден денеска телефонски разговарал со Зеленски повеќе од еден час. Во пораката објавена на Твитер, украинскиот лидер напиша дека двајцата разговарале за можниот формат за решавање на конфликтот во источна Украина и за текот на внатрешните реформи во Украина.

Разговорот се одвива во време кога Западот ја обвинува Русија дека трупа војници во близина на границите на Украина.