На Вучиќ и другите присутни им беше тешко да ја потиснат смеата на свеченото отворање на новата делница од автопатот, сето тоа поради градоначалникот на Сурчин, кој очигледно беше надвладеан од нервозата во говорот и се бореше додека им се заблагодаруваше.
– Го поздравувам претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Србија, г-ѓа Ана Брнабиќ, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, г. Томислав Момировиќ, нејзината екселенција, амбасадорот на Кина во Србија, г-ѓа Чен Бо, директор на Кинеска градежна комуникациска компанија, г-дин Ченг Ју Јао Си Јао Ченг Си Јао Ју, рече Стеван Суша.
Predsednik GO Surčin.🤣 pic.twitter.com/FA8bMCf6tH
— Miodrag Bebić (@miodrag_bebic) March 31, 2021
– Џанг, ајде Џанг, му помогна Вучиќ, но Суша мораше да ја заврши мислата до крај.