Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“.
Известувањето е објавено во дневните весници.
Од Шанса за центар велат:
„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ.
Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА.
Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти!
Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.