Мерката „гарантирани цени“ на производите од први март нема да продолжи
Истекува важноста на мерката „гарантирана цена“. Од први март следува одмрзнување на цените на основните прехранбени производи. Министерството за економија нема да повлече нов потег зашто Бектеши очекува пратениците да го изгласаат Законот за спречување нефер трговски практики.
Дали е на повидок законско решение за нелојална конкуренција?
Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во Комисиите во Собранието.
Бектеши очекува брзо да се донесе зкаонот, аналитичарите предупредуваат
И додека министерот Бектеши очекува што поскоро да се донесе законот, граѓаните стравуваат од бран поскапувања.
Најмалку шест месеци треба да почекаме за да ги почувствуваме ефектите од Предлог-законот, укажува професорот Јован Пејковски, пренесува МРТ.
Треба да има и регулирани и гарантирани цени со цел да се заштитат граѓаните чии примања и покрај зголемувањето не соодветствуваат на покачувањето на цените на производите, бидејќи немаат куповна моќ. И покрај тоа што живееме во пазарно општество и економската криза постои и ризикот од скок на инфлацијата-вели Пејковски.
Предлог-законот за трговски практики предвидуваше рабат до 10 отсто за да се заштитат потрошувачите и производителите.
Извор: МРТ