Владата на седницата на 13-ти месецов го усвои Записникот од 10. седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и Записникот од седницата на Групата за процена, го прифати предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврди потребата да се продолжи рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година.

Како што информира за МИА претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Миле Талевски, на седницата се поддржани и предлог- одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ” во Република Либан и за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ” во Република Либан.