Работи на крстосницата „Октомвриска Револуција“ – „Партизански Одреди“
Поради планирани технички зафати на водоводната мрежа, дел од корисниците во општина Карпош утре, 23 декември 2025 година, ќе останат без вода, информираат од ЈП Водовод и Канализација.
Прекин на водоснабдувањето ќе има поради промена на вентил ф-2 на крстосницата на улица Октомвриска Револуција и булевар Партизански Одреди. Без вода ќе бидат корисниците од згради број 10, 12 и 14 на улица Октомвриска Револуција, како и дел од булевар Партизански Одреди, на потегот од улица Никола Тесла до улица Октомвриска Револуција.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Прекин и на улицата Наум Наумовски Борче
Дополнително, поради изведување водоводен приклучок од ф 100 милиметри на улица Наум Наумовски Борче број 63, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на оваа адреса.
Од ЈП Водовод и Канализација апелираат граѓаните да ги приспособат своите активности согласно најавените интервенции.
