Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, врз основа на известување од ЕВН Македонија, соопшти дека утре, 26 февруари 2026 година, поради планирани технички зафати во електроенергетскиот систем, дел од потрошувачите во повеќе скопски општини ќе останат без струја.

Прекините ќе започнат од 04:00 часот изутрина и најпрво ќе ги зафатат општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел. Во текот на денот, според најавата, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во општините Центар, Карпош и Аеродром.

Рано наутро (од 04:00 до 08:00 часот):

Чаир: Населбите Север, Топанско Поле и дел од Чаир.

Шуто Оризари: Дел од општината.

Бутел: Населба Бутел и цел Визбегово (вклучително индустриската зона).

Во текот на денот:

Центар (07:30 – 15:30 часот): Дел од бул. „Теодосиј Гологанов“, Поликлиника „Идадија“, Веро маркет, АМСМ, Клуб на пратеници и околните објекти.

Аеродром (08:00 – 16:00 часот): Дел од ул. „Тодор Чангов“, ресторан „Мирко 919“, околните маркети и објекти.

Сингелиќ (09:00 – 13:00 часот): Дел од ул. „Финска“.

Карпош (11:00 – 14:00 часот): ул. „Крагуевачка“ бр. 9.