Околу 163 обвинители од целата држава утре ќе гласаат за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За прв пат изборот ќе се врши според новиот Закон за јавни обвинители, што значи дека главниот обвинител ќе се избира со гласовите на колегите обвинители. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески испрати писмо до сите обвинители да гласаат по свое убедување, без влијанија и притисоци.
Во трката за шеф на ова обвинителство се четворица, Вилма Рускоска, која се кандидира за втор мандат, а за прв пат се пријавуваат Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска.
Мандатот на суспендираната началничка Рускоска трае до 14 ноември, додека обвинителот Трајче Пеливанов беше назначен за нејзина привремена замена на 29 август.