Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, најави дека утре ќе се одржи нова средба на коалициските партнери на која треба да биде донесена конечна одлука поврзана со реконструкцијата на Владата.
Според него, досега биле одржани два круга разговори со премиерот Христијан Мицкоски и со работните групи, а комуникацијата меѓу партнерите во владејачката коалиција се одвива во конструктивна атмосфера.
Разговаравме во два наврати со премиерот и работните групи, утре ќе дојде до нова средба и на таа средба ќе биде донесена конечната одлука. Како и да е, односите помеѓу коалициските партнери се на највисоко ниво и сметам дека многу објективно ги согледуваме состојбите и потребите бидејќи власта треба да се прилагоди кон потребите на општеството и на граѓаните, во спротивно е самовласт, изјави Димитриевски.
