По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 12 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето утре ќе биде променливо облачно со утринска температура до 6 степени, а дневна до 17 степени.