Планирано е да се формираат работни групи помеѓу политичките партии кои што ќе работат на Предлог – забелешки кои што се проблематични во целиот овој текст. Предлогот е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии, порача денес Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се’уште не се дефинитивно договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот на денот ќе биде одобрен и ваквиот процес доаѓа по повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, за да се разговара за измени кои што предлогот ќе го подобрат и ќе се вметнат одредени забелешки кои што се на штета на државата и националните интереси.

Тогаш во изјавата, претседателот Мицковски ги кажа четирите забелешки кои што ги има. Она што можам да кажам е дека работната група на ВМРО-ДПМНЕ и предлозите кои што ќе ги дава на таа работна средба ќе бидат во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања поврзани со ревидирање на историјата-посочи денес Мицевски.