Времето во вторник, 25 август, ќе биде сончево и топло во претпладневните часови, додека попладне и навечер на места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме, проследено со засилен до силен ветер и град. Температурите ќе се движат од 15 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вечерните часови, во делови од котлината, ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време, со појава на умерена облачност во текот на денот.