Управата за хидрометеорлошки работи за утре најавува ветровито и уште посвежо време со засилен северозападен и северен ветер, особено изразен вдолж поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.
Според прогнозата на УХМР, најниската минимална температура утре ќе изнесува 1 степен, а највисоката 20, додека од сабота следат значително повисоки дневни температури, од 29 до 35 степени.