Во Берово утрово се измерени 4 степени и шест во Лазарополе, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка утринската температира е 8 степени, 9 се измерени во Битола, 10 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Крушево, 11 во Охрид, Прилеп и Штип, 12 степени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, Виница, Дебар, Велес и Кавадарци, 14 во Дојран и 17 степени во Гевгелија.

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени, а вредноста на УВ-индексот 9.

Во Скопје претежно сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 33 степени.