Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата. Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието.