СВР Тетово поднесе кривична пријава против 54-годишниот Л.К. поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според информациите, на 5 август 2025 година, пријавениот од странски телефонски број контактирал жена од Тетово и од неа барал 20.000 евра, тврдејќи дека издржува затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина.
Како што се наведува, тој ѝ испраќал заканувачки пораки и на неа и на нејзината мајка, тврдејќи дека поседува видео снимки кои ќе ги објави доколку не му бидат исплатени парите.
