Во стан во населбата Бежанијска коса во Белград, пронајдени се безживотните тела на две постари жени.
Полицијата овој случај го третира како сомнителна смрт.
Полицијата затекнала траги од крв, а врз главата и на двете жртвите имало перница.
Според медиумите, сестрите биле на возраст од 76 и 78 години.
Како што пишуваат медиумите, на сосетката и станало сомнително што една нејзина пријателка не се појавила 10 дена. Контактирала со управителот на зградата, кој повикал полиција.
Истрагата е во тек.