Научници од болницата „Масачусетс Џенерал“, од Универзитетот МИТ и од Универзитетот Харвард, проучиле 131 жена вакцинирана со „Фајзер“ или „Модерна“, објави Си-Ен-Ен. Меѓу нив, 84 биле бремени, 31 доеле, а 16 не биле бремени.
Нивните примероци биле собрани од 17 декември 2020 година до 2 март 2021 година.
-Се чини дека овие вакцини работат исклучително ефикасно кај овие жени. Нивоата на антитела, стимулирани со вакцинација, биле исти кај бремените жени и доилките како кај жените кои не биле бремени. Тимот забележа дека нивото на антитела по вакцинацијата е значително повисоко од нивото на антитела создадени по инфекцијата со коронавирус за време на бременоста, се наведува во извештајот.
„Се чини дека овие вакцини работат исклучително ефикасно кај овие жени“, рече еден од научниците, Галит Алтер, професор на Институтот „Рагон“.
Покрај ова, тимот откри дека жените ги пренесуваат антителата на своите бебиња, а тие се измерени во мајчиното млеко и плацентата.
-Скоро сите мајки пренесоа прилично пристојно ниво на антитела на своите бебиња, рече Алтер, додавајќи дека се потребни дополнителни истражувања за да се разбере колку траат тие заштитни антитела кај бебињата.