Актуелниот македонски ракометен шампион РК Вардар забележа нова победа во домашното првенство откако попладнево триумфираше над градскиот ривал РК Бутел со конечен резултат 38:30.

„Црвено-црните“ ракометари доминираа во текот на целиот натпревар и оправдано ја потврдија улогата на фаворити на домашен паркет. Играта на Вардар беше обележана со цврста одбрана, висока енергија и исклучително ефикасен напад против кого гостинскиот тим немаше соодветен одговор.

Најефикасен поединец на средбата беше Матео Фадуил кој реализираше импресивни 14 гола во противничката мрежа. Голема поддршка во нападот имаше и од Урош Митровиќ кој запиша девет погодоци, овозможувајќи му на шампионот сигурен и мирен триумф.