Убедлива победа во дербито и недостижна предност
Ракометарите на Вардар вечерва славеа убедлива победа од 34:19 против актуелниот првак Еурофарм Пелистер во натпревар од 7. коло од плеј-офот во Супер лигата. Со освоените два бода, „црвено-црните“ стигнаа до 56 бодови, осум повеќе од второпласираниот Охрид, што на три кола до крајот значи недостижна предност и нова шампионска титула.
Вардар од самиот почеток ја контролираше играта и резултатот, а на полувреме имаше водство од 18:12. Во вториот дел, скопскиот тим дополнително ја зголеми разликата и стигна и до двоцифрена предност.
Доминација на теренот и нова титула
Најефикасен на натпреварот беше Урош Митровиќ со 7 гола, а Јака Малус постигна 6 погодоци. Голманот Гогов запиша 4 одбрани, од кои 3 од седум метри.
Со оваа титула Вардар ја освојува 16. шампионска круна и ја прекинува серијата од три последователни титули на Еурофарм Пелистер. Тимот од Скопје сезонава ја комплетира и двојната круна, откако претходно го освои и националниот Куп.
