Васо, Кнеле и „бахата омладина“: На што се ложи македонската младина?

Утрово се разбудивме со веста дека е уапсен Дарко Голубовски – македонскиот Кнеле. Пред десетина дена бевме сведоци на сообраќајка на Партизанска каде животот го загуби Фросина Кулакова, а брзо возеше Васил Јованов познат низ градов како „Васо кокс“.

Пишува: Никола Николовски

Да се разбереме – Васо е последица. Уште кога му го отворив Инстаграм профилот и видов дека следи еден профил, а тоа е „Boss“ сфатив многу.
Васо е причина за смрт на Фросина, но Васо е последица. Васо е последица на општеството втемелено на погрешни вредности каде се форсира криминалците се прикажуваат како фраери. Општество во кое младина се ложи на „Белград во 90-те“, сплавови и Кристијан Голубовиќ. Општество во кое најгледани серии се „Јужни ветар“, „Клан“ и „Задруга“. Серии од кои преовладува тој криминал па се јавува и поривот да се биде мафијаш на батерии. Следење Инстаграм профили како „Бахата омладина“ и следење шеми за брза заработка која завршува неславно. Е сѐ додека ова го форсираме и на сѐ ова се дава медиумски простор прашање на време е кога ќе има нови Васовци и нови Кнелиња кои во секој момент ќе избијат како темпирана бомба.

Да, станува збор за институционален проблем, но многу повеќе и општествен проблем. И да, затоа ја имам таа бариера кон ваквите луѓе за секаков контакт со нив. Имаме влијание, да почнеме да создаваме тренд каде во мода ќе биде да се развива бизнис, чита книга, спортува, патува и едуцира. Да сфатиме дека силата е во нас како млади луѓе, па ваквите идни Васовци и Кнелиња да ги маргинализираме, за отпосле да ги исчистиме. Прстот на чело што и како поддржуваме.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Утрово пак, нашиот медиум објави за апсењето на Дарко Голубовски – Кнеле.

ХЕРОЈОТ НА СЛАТКАРИСТИКА И ЛАЗАРОВ УАПСЕН СО 4.5кг КОКАИН: Кнеле штекал за Штекли!