ЛОНДОН – Велика Британија денеска официјално ја прогласи руската платеничка група Вагнер за терористичка организација.
Одлуката, која беше објавена минатата недела, стапува на сила веднаш, соопшти британската влада, пренесе Танјуг.
Тоа значи дека отсега секоја активна поддршка на групата Вагнер во Обединетото Кралство ќе се смета за кривично дело казниво до 14 години затвор.