Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата “Клик плус” на ТВ21, изјави дека зголемувањето на пензиите кои што ќе стигнат на сметка кај граѓаните од овој месец, впрочем не било зголемување, туку намалување на пензиите.

„За жал тоа во целост не е исполнето ветување. Ветувањето беше 5000 денари покачување. Дупката која е отвора во пензинскиот фонт е 10 милиони евра месечно, или нешто повеќе од 100 милиони евра годишно. Ако има зголемување во следната година, ќе биде и 200 милиони евра годишно, што е сериозна сума“, рече Филипче.

Очигледно е дека ни самиот Филипче не си верува на своите зборови. Линеарното зголемување на пензиите за 5000 денари, во септември и март, изгледа за Филипче не е некој голем спектакл. Пензионерите, дел од нив добиваат зголемување од 50%, а некои 20%. Или за некој што земал околу 12 илјади пензија е скоро 50 проценти повисока пензија. Вакво зголемувае на пензиите не сме виделе во блиското минато.

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека Филипче и СДСМ, немаат право на збор за пензиите на пензионерите, бидејќи како што се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, имале 7 години да ги зголемат пензиите на пензионерите, но тие одбрале да ги полнат своите џебови наместо оние на пензионерите.

“Филипче и СДСМ изминативе 7 години можеа да ги зголемат пензиите на пензионерите, но тие не го посакуваа тоа. Истите тие, кога беа на власт, не им текнуваше на пензионерите, а сега устата им е полна со тоа дека немло зголемување на пензиите. ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе биде пријател на пензионерите и ќе продолжиме да работиме да им го олесниме животот.”, се вели во соопштението.