Еден протест, една локација, но две групи поддржувачи со различни гледишта каква порака да се испрати кон светот и меѓународните институции пред новото крвопролевање.

Скопскиот плоштад ги собра демонстрантите но ги раздели содржината на скандирање, како и верските и националните обележја на дел од присутните.

Поддржувачите на „Слободна Палестина“ и „Крај на опсадата“ се одвојија од групата која извикуваше „Алах Акбар“ и „Израел терористи“.

Организаторите на настанот повикаа да запре етничкото чистење во Палестина, откако конфликтот се разгоре а во црниот биланс жртви има и деца. Проблемот меѓу двата народи е стар, но кровопролевањето мора да запре, раскажуваат дел дел од присутните на протестот кои по потекло се од тој регион.

За едната група протестот заврши со испратентие пораки. Другата побројната се упати кон музејот на жртвите од холикаустот. Додека граѓаните бијат битка на социјалните мрежи поврзана со уечсниците во кофликтот, израелскит премиер Бенјманин Нетанјаху на Твитер и се заблагдоари на Македонија за поддршка во борбата против тероризамот.