Познатиот слободар и филантроп, одлучи за значителна сума да го откупи единственото информативно радио во етерот.

-Соочен со тоа дека медиумите пропаѓаат во време на пандемијата одлучив да ги вложам заштедените пари во еден медиум. – изјави Заев.

Менаџмент на радиото најави промена на уредувачката политика. Во трансакцијата влегува и порталот lider.mk.

– До сега слоганот ни беше „Го кажуваме она што другите не смеат ни да го помислат!”, сега малку ќе поедноставиме, па слоганот ќе биде “Бреин Ваксајнс”. Ќе продолжиме да бидеме најуспешен медиум во Република Северна Македонија – вели главниот уредник Љупчо Златев.

Нормално, се работи за сатирична вест по повод 1-ви април, априлили.