Медиумот објави документи кои отвораат и нови прашања за одговор, меѓу кои, зошто софтверот за сообраќајни прекршоци е платен пред да биде тестиран?
-За Антикорупциската комисија симптоматично е и тоа што фирмата што го изработила софтверот „Инвока гроуп“ е формирана во јуни 2017 година, две недели по доаѓањето на СДСМ на власт и заедно со софтверот, има склучено вкупно три договори за јавни набавки, и тоа сите со Генералниот секретаријат додека со него раководеше Драги Рашковски. Ќе се истражува и дали софтверот што го купил Рашковски е базиран на неговата идеја, која ја патентирал во 2018 година. – велат од 360 степени.
Ова не е прв скандал на Драги Рашковски, тој претходно на дело беше фатен барајќи провизии на компанијата Леонардо за софтверот за летање на М-Нав.
Зад него и тогаш и сега застана премиерот Зоран Заев. А сега доби поддршка и од Љупчо Николоски.
Целото истражување на 360 степени, можете да го прочитате овде.