Делчево денеска го чествува големиот јубилеј 150 години од првиот истрел и првиот отворен и јасен повик за борба за слобода и достоинствен живот на Македонецот кој одекна од Разловци ширејќи се насекаде каде што дише и еден Македонец.
Одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание е со голем број настани, а вечерва граѓаните уживаат и во концертната програма на воениот оркестар на АРМ и „Танец“.
Утре, централното одбележување ќе се одржи во Разловци.
Во рамки на одбележувањето на овој јубилеј, Македонска пошта издаде нова поштенска марка со мотив од Разловечкото востание.
