Случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги потресе граѓаните. Вања е киднапирана, па убиена во центарот на Скопје, а ако нешто е факт тоа е дека институциите направија некои пропусти.

На оваа тема зборува дури и американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер која прстот го посочува кон нив. Амбасадорката потенцира дека „институциите треба да се прашаат како дозволија убиство на дете“.

Ако нешто на сите нам ни е јасно е дека монструмите не смеат да живеат во Македонија. Секојдневната приказна во Македонија е дека

Во денешното гостување на Канал 77 Агелер зборува и за трагичниот крај на животот на малата Вања, а таа напоменува дека луѓето од институциите треба да имаат одговорност. Имено, амбасадорката вели дека оние кои ги оставија криминалците што го убија детето слободно да шетаат, да се погледнат во огледало и да се прашаат, што можеа да сторат за да ја спасат оваа млада девојка и сите други деца во земјава.

Организаторите и сторителите се откриени, но мотивите сѐ уште не се јасни. Која е веројатноста некој да посегне по млад живот за пари, или пак да убие човек за долг од 500 евра?

За жал и овој настан не беше поштеден од политизирање, партизирање и непочитување на моментот на болка и тага, а Агелер поентира дека системот не успеа да ѝ помогне на таа млада девојка.

Агелер: Дозволете да ви кажам искрено, како што и претходно денес бев, системот не успеа да ѝ помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци, за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни, и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворани. Не биле апсени и целосно гонети за нивните претходни злосторства. Не морале да ја платат таа цена, и цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената. Срцепарателно е, апсолутно е срцепарателно, и сега не е време за политизација. Време е за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе. И да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава? Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да обезбедиме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи.

Убиството на дете, но и на возрасниот човек од Велес направи да се отворат многу прашања: Кој е мотивот за двојното убиство за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес? Зошто некој би убил 14 годишно девојче, а зошто некој би посегнал по живот за 500 евра? Каква е улогата на таткото? Како е возможно да се грабне Вања кога има згусната фреквенција во тој дел од градот? Што е регистрирано од камерите на Вања? Дали има свиркач во МВР кој ја штител криминалнта група која извршила ваква грозоморни чинови?

Прашањата одат дотаму што се поставува дури и тоа: Дали некој сакал да направи дестабилизација во Македонија?

Многу одговори ќе дојдат кога ќе се врати и Палевски. Но, кога? Колку долго официјална Анкара ќе го држи Палевски?

Освен овој трагичен чин, амбасадорка на САД Ангела Агелер, во интервју за емисијата „Стадион“ на Канал 77 зборува за повеќе актуелни прашања, како „епидемијата на корупција“, очекувањата од нови имиња на „црната листа“, ставањето на Кочо Анѓушев на истата, интегритетот на судиите и обвинителите и нивната улога во реформирањето на државата и општеството, очекувањата на граѓаните.