Велимир Смилевски е човекот кој четири години буквално ги преспа како градоначалник во општината. Со каков образ пак ќе бара мандат од бутелчани?, праша денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Се што ветија Велимир Смилевски и Зоран Заев во 2017 година се излажаа на најдрзок начин и од целата програма која што ја ветија не исполнија ниту 1% од ветеното. Значи 0% реализација на она што го ветија во 2017 година. Четири години фрлени во вода без никаков напредок. Срамота. Денес бесрамно бараат повторно доверба од граѓаните. Да потсетиме што ветија, а не исполнија. Бутел и ден денес нема поликлиника, Бутел нема пожарна, Бутел нема модерен пазар, Бутел нема 2 градинки кои ги вети, Бутел нема школо во Визбегово, љуботенчани сеуште немаат водовод во 21 век, од гасификацијата која ја ветија нема ништо, плоштадот кој беше ветен во Бутел го нема, а спортскиот комплекс кој беше огромно предизборно ветување, го нема никаде, изјави Арсовски.

На сите им е јасно дека ова не е реализирано само и единствено заради неспособноста на Велимир Смилевски, и Зоран Заев и СДСМ но и уште неколку други работи кои што ги знаат многу добро Бутелчани.. На пример, цел Бутел знае дека Велимир Смилевски не живее во Бутел. Живее во друга општина.

Сите знаат дека на Велимир Смилевски наместо паметот да му е во реализација на она што го ветувал и во проектите, да го подобри животот на граѓаните, паметот му беше единствено во дружба со бандити и мафијаши кои на снимки со негови блиски мафтаат со оружје, за да денес Бутел биде најнебезбедната општина каде што се пукаат и бодат на секој чекор. Наместо реализација на проектите Велимир се фокусираше да биде рекордер во привремени вработувања во цела држава во цела Република Македонија, каде што потроши над 2 милиони евра пари на граѓаните, пари на бутелчани. Згора на се, тој е и рекордер по непотизам, внимавајте има над 10тина роднини вработено во општината каде што тој е градоначалник во самата општина.Е заради овие работи, Велимир не заслужува и нема да добие уште еден мандат и доверба од граѓаните на Бутел. Се додека се потценуваат граѓаните, се додека се потценуваат Бутелчани се до тогаш Велимир Смилевски нема да добие втор мандат, изјави Арсовски.