Двајца мажи загинаа откако мал авион денеска, непосредно пред 11 часот, се урна врз семејна куќа во покраината Долна Саксонија, во северниот дел на Германија.

Несреќата се случила во местото Гандеркезе, во близина на Бремен. Спасувачките екипи најпрво пронашле едно тело, а по неколкучасовна потрага било пронајдено и телото на второто лице кое се наоѓало во леталото.