Новиот ербас А330 на Ер Србија, кој под името на научникот Никола Тесла ќе лета од Белград до Њујорк денеска простигнал во главниот град на Србија.Авионот долетал од Холандија, каде што осум дена се изработувала сликата со ликот на Тесла.

Симболично е избрано овој авион да лета до Њујорк, зашто Тесла таму го поминал поголемиот дел од животот.

И концептот на новото мени во авионот е инспириран од режимот на исхрана на Никола Тесла. Патниците од еконоската и од бизнис класата ќе јадат по инспирација на Николовото детство, студентските денови, но и од престојот во Њујорк.