Баерн Минхен има предност од 2-1 по првиот натпревар против Реал Мадрид од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Баерн имаше шанса преку Упамекано, направија серија напади, Гнабри во 26. минута не ја искористи грешката на Питарч, а потоа – гол.
Во 41. минута, Гнабри фантастично го проигра Луис Дијаз постигна гол.
Само што почна второто полувреме, во 46. минута Хари Кејн веќе донесе и предност од 0-2 за Баерн Минхен.
Но, Килијан Мбапе, успеа во 74. минута да постигне гол на асистенција на Александер-Арнолд за 1-2 и внесување каква-таква неизвесност за реваншот во Минхен.
На вториот вчерашен натпревар од четвртфиналето, Арсенал триумфираше со 0-1 против Спортинг во Лисабон, благодарение на голот на Хаверц во првата минута од судиското продолжение.
