Откако го нападнал Бериша, напаѓачот потоа бил удиран со тупаници од телохранителите и симпатизерите на Демократската партија. Кратко потоа, тој бил уапсен од албанската полиција.

Лидерот на Демократската партија во Албанија, Сали Бериша, денеска бил физички нападнат од граѓанин додека се движел со демонстрантите кон главниот булевар за време на протестот што се одржува во Тирана, каде што денеска се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан, пишува Еуроњуз Албанија.

Од видеата што ги објавија албанските медиуми јасно се гледа како граѓанин го удира со тупаница лидерот на албанските демократи. Од ударот Бериша почнал да крвави од носот и образот.

Албанските медиуми пишуваат дека напаѓачот се одвоил од толпата и го удрил Бериша, а моментот на нападот создал паника кај насобраните граѓани. Откако го нападнал Бериша, напаѓачот потоа бил удиран со тупаници од телохранителите и симпатизерите на Демократската партија.

Кратко потоа, тој бил уапсен од албанската полиција.

Откако бил нападнат, лидерот на албанските демократи изјавил дека ништо на светот не може да го победи.

„Ништо на светот не може да нè победи нас, луѓето на опозицијата и луѓето на победата, долу Еди Рама, долу криминалците, ќе ве собориме. Денеска сме заедно да протестираме против режимот на злобниците и криминалците“, рекол Бериша.

Видеото од нападот на Бериша можете да го погледнете ОВДЕ.

И покрај ставот на властите да не дозволат опозицијата да протестира во безбедносниот периметар на sамитот на ЕУ-Западен Балкан, шефот на Демократската партија Сали Бериша беше решен да го одржи протестот токму пред кабинетот на премиерот на Албанија. Според Бериша, протестите за време на ваквите самити и состаноци се најнормална работа во слободни земји.

„Тоа е порака до лидерите на Европа дека не се согласуваме со режимот на Еди Рама. Се бориме за права и слобода. Тоа е контранапад за оштетување на имиџот на Албанија од страна на Еди Рама“, изјави Бериша пред неколку дена.