Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, прикажува граѓани во близина на споменикот на Стефан Немања, како го играат Ужичкото оро.

Растојанието не се почитуваше, а собраните не носеа ниту маски, носеа српски знамиња, а се гледаат и голем број луѓе кои ги снимаат оние што играат оро.

Претходно, неколку стотици луѓе се собраа на Плоштадот на републиката, во знак на протест против новите мерки донесени од Владата на Србија поради големиот број заразени со коронавирусот. Собирот, најавен преку социјалните мрежи, беше наречен „протест против глобализмот и корона диктатурата”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Собраните претежно не носеа заштитни маски и извикуваа пароли: „Не сакаме мигранти”, „Не ги даваме светилиштата”, „Да живее слободата”, „Уа кризниот штаб”!