Видео обраќање за улогата на медиумите и слободата на информирање

Во видео обраќање, британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон истакнува дека силните и независни медиуми се основа на здрава демократија и важен столб на заедничката безбедност и просперитет.

Тој нагласува дека медиумите што одразуваат различни локални гласови и перспективи им овозможуваат на граѓаните да носат информирани одлуки во секој аспект од нивниот живот.

„Силни и независни медиуми што ги одразуваат различните локални гласови и перспективи се основа на здрава демократија и важен столб на нашата заедничка безбедност и просперитет. Тие им овозможуваат на граѓаните да носат информирани одлуки во секој аспект од нивниот живот.“

Во обраќањето се истакнува и дека отворената дискусија и слободната дебата се неопходни за демократското општество. Лосон нагласува дека граѓаните мора да имаат слобода да ги формираат и изразуваат своите ставови, со пристап до точни информации.

„Веруваме дека отворената дискусија и слободната дебата се од суштинско значење. Луѓето мора да можат слободно да ги формираат и изразуваат своите ставови, потпомогнати од пристап до точни информации обезбедени од отпорни и независни медиуми.“

Поддршка за независното новинарство

Лосон наведува дека како копретседавачи на Коалицијата за слобода на медиумите, ќе продолжат со работа со партнери во Северна Македонија и низ светот за заштита и унапредување на независното новинарство.

„Како копретседавачи на Коалицијата за слобода на медиумите, ќе работиме тесно со партнери во Северна Македонија и низ целиот свет за да го поддржиме и заштитиме независното, висококвалитетно новинарство.“