Авионот полетал од портата нешто по 19 часот, кога мажот направил неуспешен обид да се пробие во пилотската кабина, по што успеал да ја отвори службената врата и да се спушти во делот за  итни случаи на пистата, соопштија од аеродромската администрација и авиокомпанијата со чиј авион се случил инцидентот.

Мажот бил приведен на самото место и пренесен во болница. Нема опасност по неговиот живот. Авионот, кој требаше да полета за Солт Лејк Сити, се врати кон портата.